Прва Работилница

Работилницата за Современа настава за прв пат се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 18. септември, 2012 година, како сателитска активност на IX Конференција на друштвото на физичарите, која се одржа од 20-23. септември 2012 година во Охрид. Насловот на оваа работилница беше

Современа настава: фикција или реалност!

Во текот на Работилницата се одржаа три предавања и тоа:

Иднината на наставата: Збогум предавања во училница!
Предавач: Проф. Д-р Јосип Слишко, Универзитет во Пуебла, Мексико

Кравата на Алберт Ајнштајн и специјалната теорија на релативност
Предавач: Проф. Д-р Дан Цензор, Универзитет Бен Гурион, Негев, Израел

Учење базирано на проекти: дилеми и прашања! Предавач: Проф. Д-р Оливер Зајков, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

No comments:

Post a Comment